Њу Јорк: Без приближување на ставовите за името завршија македонско-грчките преговори

Преговорите во Њу Јорк мегу Македонија и Грција за спорот со името со посредство на медијаторот Метју Нимиц завршија без приближуавње на ставовите. Нимиц по средбата со преговарачите на двете земји Никола Димитров и Адемантиос Василакис, изјави дека решение за името од оваа рунда преговори нема и оти наскоро е можна нова средба без да прецизира кога би била одржана. Нови преговори сигурно ќе нема до четврток кога треба да се одржи состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО на кој треба да се дефинира дали Македонија ќе добие покана за членство на априлскиот Самит во Букурешт. Нимиц предупреди дека отсуството на решение за спорот за името би можело да има сериозни консеквенци врз регионалната стабилност во контенкст на косовското прашање. Според Амбадасорот Димитров, и покрај тоа што Македонија сака да влезе во НАТО, не може да ја исече гранката на која што седи и да си поигрува со својот национален идентитет. Иако, според изјави на официјални претставници во Скопје и во Атина, некои од идеите содржани во последниот предлог на медијаторот би можеле да бидат основа за натамошни разговори и усогласувања, Димитров и Василакис на Нимиц му ги презентирале веќе познатите официјални позиции на своите земји. Македонија решението го гледа во т.н. двојна формула,Грција, пак, инсистира на решение што би значело едно сложено име кое би го содржело зборот Македонија, но би се користело и за меѓународна употреба.