Вашингтон: Денеска средба Схефер – Буш

Генералниот секретар на НАТО Јап де Хоп Схевер кој од вчера престојува во официјална посета на Вашингтон денеска како што јавуаат агенциите ке се сретне со американскиот претседател Џорџ Буш. Главни теми на средбата се очекува да бидат проширувањето на НАТО со Јадранската група на самитот во Букурешт, барањето за испракање на дополнителни војници во Авганистан и други важни прашања за алијансата . Покрај со Буш Схевер ке оствари средби и со државниот секретар Кондолиза Рајс, секратарот за одбрана Роберт Гејтс и со нациналниот советник за безбедност Стив Хадли.