Приштина: Косово не смее да доживее ниту мека поделба, изјава на Питер Фејт

Специјалниот претставник на Европската унија на Косово, холандскиот дипломат Питер Фејт, изјави дека Косово не смее да доживее дури ниту мека поделба. Во интервју за Фајненшел тајмс, Фејт вели дека примерот на Босна и Херцеговина покажува како мора и да се постигне мултиетничка интеграција. Според европскиот пратеник, Србите на Косово можат да имаат децентрализација, за да може да ги сочуваат својот идентитет, но тоа не може да значи и прифаќање на ентитет што ќе биде врзан за Белград, а не за Приштина.