Њујорк: Половина од глобалната популација ќе живее во градовите

Скоро половината од глобалната популација до крајот на годинава ќе живее во градовите, што е за прв пат во историјата, се проценува во најновиот извештај на Обединетите нации. Во моментот на Земјата има шест милијарди и седумстотини милиони, а до средината на векот ќе има над девет милијарди луѓе. Тогаш ќе порасне и бројот на градовите со над десет милиони жители. Од денешните деветнаесет мегаградови, само два се европски, Москва и Истанбул. Токио и натаму е најнаселен град во светот. Во него живеат скоро триесет и шест милиони луѓе.