Њујорк: Нов рекорд на еврото во однос на доларот

Еврото вчера во Њујорк постигна нов рекорд, благодарејќи, меѓу другото, на порастот на германскиот економски индекс Ифо. Еврото вредеше безмалку еден и пол долар (1,4982). Истовремено, поради слабиот долар и цената на суровата нафта достигна рекордна вредност од речиси 101 долар за барел.