Софија: Почнува Процесот за соработка во југоисточна Европа

Денеска во Софија почнува министерски состанок на Процесот за соработка во југоисточна Европа. Според најавите на домаќинот, собирот ќе биде посветен на регионални прашања, како и на европската и евроатланската интеграција на земјите од регионот.