Брисел: Денеска средби на претседателот Црвенковски со Солана и Схефер

Претседателот на РМ Бранко Црвенковски ја продолжува посетата на Брисел, каде што денеска ќе се сретне со високиот претставник на Европската унија за заедничка надворешна и безбедносна политика Хавиер Солана и со генералниот секретар на НАТО Јаап де Хоп Шефер. Вчера Црвенковски разговараше со еврокомесарот за проширување Оли Рен за напредокот на Македонија во нејзиниот процес на пристапување кон Европската унија, како и за состојбите во регионот на Југоисточна Европа. Рен по средбата нагласи дека Македонија има можност до есен да ги исполни приоритетните услови за добивање датум за преговори за членство во ЕУ.