Пјонгјанг: Њујоршката филхармонија одржа концерт

Њујоркшката филхармонија денеска одржа концерт Пјонг Јанг, што е прв настап на еден американски оркестар во Северна Кореја. Концертот започна со изведување на химните на двете земји, а беше пренесуван на државната телевизија. Директорот Лорин Маазел изрази надеж дека концертот ќе биде барем мал придонес за подобрување на односите меѓу Соединетите Држави и Северна Кореја.