Пекинг: Кондолиза Рајс ја повика Кина да влијае на Северна Кореја за нуклеарното разоружување

Американската државна секретарка Кондолиза Рајс, која е во посета на Кина, го повика раководството во Пекинг да го употреби своето влијание врз Северна Кореја да продолжи со нуклеарното разоружување. Рајс разговараше со нејзиниот кинески колега Јанг Џиечи, а ќе има средби и со кинескиот претседател Ху Џинтао и премиерот Вен Џибао, на кои ќе стане збор и за можноста од нови санкции на Обединетите Нации против Иран поради неговата нуклеарна програма.