Берлин: Висока делегација на АРМ во посета на Бундесверот

Висока делегација на Армијата на Република Македонија предводена од генерал Мирослав Стојановски ќе престојува во официјална посета на Германскиот Бундесвер. Како што се соопштува на средбата на која се поканети и неговите колеги од Хрватска и Албанија ќе бидат пшрезентирани достигнатиот степен на трансформација на секоја армија поединечно и подготвеноста за активно партиципирање во мисиите предводени од НАТО и Европската Унија.