Будимпешта: Премиерот Никола Груевски од денеска во официјална посета на Унгарија

Премиерот Никола Груевски денеска ќе отпатува во официјална посета на Унгарија. Тој ќе присуствува на свеченото отворање на новиот објект на Амбасадата на Република Македонија во Будимпешта, а предвидени се и средби со унгарскиот претседател Ласло Шојом и шефот на унгарската влада Ференц Ѓурчањ.