Скопје: Четири години од авионската несреќа во која загина претседателот Борис Трајковски

Денеска се навршуваат четири години од авионската несреќа во која загинаа претседателот Борис Трајковски и осум негови соработници и членови на екипажот. Владиниот кингер со кој претседателот Трајковски патуваше во Босна и Херцеговина се урна кај селото Хустаковичи во близина на Мостар. Едногодишната истрага покажа дека причина за уривањето се пропусти на екипажот направени во процедурата за слетување во услови на густа магла и облачност.