Брисел: Баросо го повика кипарскиот претседател да отпочне разговори со кипарските Турци

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска го повика кипарскиот претседател Димитрис Христофиас без одлагање да почне преговори со кипарските Турци во северниот дел од островот за изнаоѓање решение за проблемот под закрила на ОН. Лидерот на Комунистичката партија АКЕЛ Димитрис Христофиас, кој е прврзаник за обнова на преговорите за решавање на кипарскиот проблем победи вчера на вториот круг гласање на претседателските избори на Кипар.