Кипар: Денеска втор круг претседателски избори

Во Кипар денеска се одржува втор круг од претседателските избори на кој учествуваат лидерот на Комунистичката партија и претседател на парламентот Димитрис Христофиас и евро пратеникот и поранешен министер за надворешни работи Јоанис Касулидас. Според анкетите фаворит е комунистичкиот лидер Христфиас кој во првиот круг од преседателките избори го победи досегашниот кипарски претседател Тасос Папдопулос.