Вашингтон: Рајс ја обвини српската Влада дека не ги заштитила американските објекти

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс ја обвини српската Влада дека не ги заштитила американската и другите странски амбасади, кои во четвртокот беа нападнати од страна на група разгневени демонстранти незадоволни од поддршката на тие држави на независноста на Косово. Рајс на синоќешната прес конференција во Вашингтон додаде дека Соединетите Држави јасно и ставиле до знаење на Србија да преземе се за да не дојде до повторување на ваквите настани.