Багдад: Моктада Ал Садр го продолжи примирјето за уште шест месеци

Ирачкиот шиитски верски лидер Моктада Ал Садр го продолжи за уште 6 месеци примирјето на неговата Мехди Армија. Американски и ирачки претставници изјавија дека примирјето помогна да се намалат нападите врз сојузничките сили, како и верските насилства во Ирак.