Анкара: Акција на турските сили во северен Ирак

Турската армија соопшти дека турските сили, со подршка од воздух, влегле на територијата на северен Ирак во потрага по курдски бунтовници. Во соопштението се додава дека копнената операција уследила откако биле успешно изведени воздушни и артилериски напади врз кампови на курдската работничка партија, а копнените турски сили ќе биле повлечени откако ќе бидат исполнети целите на операцијата. Американски воен претставник изрази надеж дека турската операција ќе има ограничено времетраење.