Вашингтон: Министрите за одбрана од Јадранската група пред Атлантскиот совет

Трите земји од Јадранската повелба заедно со Соединетите Држави напорно работеа и ги исполнија главните критериуми, па затоа очекуваат престојниот Самит на НАТО во Букурешт, да биде самит на проширување со што ќе се зајакне зоната на стабилност во регионот. Ова е главниот акцент во синоќешните обраќања на министрите за одбрана на Македонија, Албанија и Хрватска, Лазар Еленовски, Фатмир Медиу и Бранко Вукелиќ во Атлантскиот совет во Вашингтон, кои беа фокусирани врз прогресот во одбранбениот сектор во насока на членството во НАТО.