Скопје: Собранието ја продолжува 98-та седница

Собранието на РМ денеска ќе ја продолжи 98-та седница. На дневен ред, освен Предлог законот за високо образование, се и Предлог законите за генетски модифицирани организми, за заштита на правата на пациентите, како и измените и дополнувањата на законите за заштита на лични податоци и за регистрирање готовински плаќања.