Исламабад: Денеска парламентарни избори во Пакистан

Во Пакистан денеска се одржуваат парламентарни избори. Тие првично беа планирани за минатиот месец, но беа одложени поради атентатот врз поранешната пакистанска премиерка Беназир Буто и политичките насилства што избувнаа во декември лани. Аналитичарите велат дека партијата на убиената Буто би можела да освои мнозинство во парламентот. Изборите ги обезбедуваат над осумдесет илјади војници.