Атина: Поларен студ и врнежи од снег во Грција го комплицираат сообраќајот

Поларен студ и интензивни врнежи од снег зафатија многу региони во Грција. Меѓународниот аеродром во Атина е затворен, а меѓународните летови се пренасочени од Солун. Во Атина снежната покривка е дваесет сантиметри и во функција е само метрото. Не сообраќаат автобусите, тролејбусите и трамваите. Запрено е движењето и на бродовите и фериботите.
Во најпогодените региони од државата денеска нема да работат училиштата. Подобрување на времето е најавено за денеска попладне. Температурите во северниот дел од државата се спуштија до минус единаесет степени.