Никозија: Кипарските грци денеска избираат претседател

Кипарските грци денеска избираат нов претседател. Според анкетите фаворити се досегашниот претседател Тасос Пападопулос и уште двајца други кандидати. Доколку ниту еден од кандидатите не ги освои потребните 50% од гласовите, на 24 февруари ќе биде оддржан втор круг од гласање. Пред новиот претседател ќе биде предизвикот за продолжување на мировните разговори со кипарските турци за обединување на поделениот остров.