Чикаго: Пет лица загинале на универзитет во Северен Илиноис

Пет лица загинале, а најмалку шеснаесет биле ранети кога непознат вооружен напаѓач пукал во кампусот на Универзитетот на Северен Илиноис кај Чикаго, пред и самиот да изврши самоубиство. Настанот, според сведоците, се случил веднаш по завршувањето на предавањата кога вооружено лице со автоматска влегло во една училница при што почнал да пука. Тоа е четврт сличен инцидент во американските училишта во изминативе седум дена.