Приштина: Прес конференција на косовскиот премиер Хашим Тачи

Косовскиот премиер Хашим Тачи за денеска свика прес конференција. Западните медиуми наведуваат дека Тачи најверојатно ќе говори за прогласувањето на независноста на Косово, кое според последните најави, ќе се случи в недела. Тачи вчера одби да го соопшти датумот на прогласување на независност, но побара од косовските Албанци достоинствено да го обележат тој чин. Косовското Собрание денеска ќе одржи редовна седница, на која ќе ги одобри процедурите за усвојување, по итна постапка на законите, што треба да бидат донесени по прогласувањето на независност на Косово.