Лондон: Првичната аутопсија покажала дека грузискиот опозициски лидер починал од природна смрт

Британската полиција соопшти дека првичната аутопсија покажала оти грузискиот опозиционен лидер Бадри Патаркатсишвили умрел од природна смрт, но оти ќе бидат извршени и дополнителни токсиколошки истражувања. Тој беше пронајден мртов синоќа во неговиот дом во Лондон. Патаркатсишвили беше остар критичар на грузискиот претседател Михаел Саакашвили, а живееше во Лондон од крајот на минатата година откако грузиските власти го обвинија за обид за државен удар.