Тбилиси: Независноста на Косово може да донесе проблеми во Грузија

Новиот премиер на Грузија Ладо Гургенидзе предупреди дека независноста на Косово би можела да донесе проблеми во неговата земја поради тоа што Абхазија и Јужна Осетија, во тоа би виделе преседан . Покрај тоа би се зајакнала улогата на Русија, со која веќе имаме доволно проблеми, рече Гургенидзе во изјавата за виенскиот економски весник „Виртчафтсблат“.