Њујорк: Србија бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН

Србија и официјално побара утре да биде одржан итен состанок на Советот за безбедност на ОН на кој би се расправало за Косово. Во писмото до претседавачот на Советот, српскиот амбасадор Павле Јевремовиќ бара од ова тело да ја разгледа екстремно опасната ситуација во Косово. Рускиот амбасадор во ОН Виталиј Чуркин претходно изјави дека Москва го поддржува овој предлог, имајќи го предвид опасниот развој на настаните.