Вашингтон: Косово на агендата на средбата Буш – Ки Мун в петок

Американскиот претседател Џорџ Буш и генералниот секератр на Обединетите нации Бан Ки Мун в петок во Вашингтон ќе разговараат за косовското прашање, но и за други регионални проблеми, соопштено е во Њујорк. Прецизирано е дека генералниот секретар бил запознат со најавите на Приштина дека веројатно в недела ќе прогласи независност на Косово.