Багдад: Состојбата во Ирак и натаму кршлива, оценка на Роберт Гејтс

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс денеска оцени дека и покрај драстичното намалување на насилствата, ситуацијата во Ирак и натаму е фрагилна. На средбата со американските команданти во Багдад, Гејтс изјави дека ирачкиот народ сега има можност за побезбедна и по просперитетна иднина. Гејтс додаде дека откако во јули ќе се повлечат 30 илјади американски војници од Ирак, треба да се запре со намалувањето на американските трупи во таа земја.