Москва: Газпром се закани дека ќе ја прекине доставата на гас до Украина

Нафтената компанија Газпром се закани дека ќе ја прекине доставата на гас до Украина, почнувајќи од денеска. Руската компанија тврди дека украинската државна фирма за електрична енергија и должи 1, 5 милијарда долари. Сличен спор меѓу двете земји се случи и во 2006 година, кога беше прекината испораката на гас иво неколку делови од западна Европа. Токму оваа тема се очекува да биде главна на разговорите меѓу украинскиот претседател Виктор Јушченко и рускиот Владимир Путин, на нивната утрешна средба.