Багдад: Ненајавена посета на американскиот секретар за одбрана Гејтс на Ирак

Американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс пристигна во ненајавена посета на Багдад. Во текот на посетата тој ќе оствари средби со ирачкиот претседател Џалал Талибани, како и со високи американски воени претставници. Во мегувреме агенциите јавуваат дека при експлозија на автомобил бомба во Багдад загинале повеќе од 20 лица. Претходно 15 лица загинале, меѓу кои и десетмина припадници на Ал Каеда во судир со локалните безбедносни сили во Северен Ирак.