Киев: Украина ќе ги подмири сите долгови за природен гас кон Русија

Украина денеска соопшти дека ќе ги подмири сите долгови за природен гас кон Русија под услов да се исклучат компаниите посредници од идните договори. Украинските преговарачи отпатуваа за Москва во обид да го спречат прекинот во снабдувањето со гас поради долгот од 1,5 милијарди долари.