Вилнус: Продолжува дебатата на министрите за одбрана на НАТО за Авганистан

Министрите за одбрана на НАТО, на состанокот во Вилнус ја продолжуваат дебатата за реконструкцијата на Авганистан. И покрај барањата од Соединетите Држави и Велика Британија, ниедна земја членка на Алијансата не понуди испраќање дополнителни војници во таа Авганистан. Сепак, американскиот секретар за одбрана Роберт Гејтс демантира дека станува збор за криза во НАТО.