Лондон: Буто починала од повредите од експлозијата, а не од куршуми

Британските истражни органи утврдиле дека пакистанската опозициона лидерка Беназир Буто, починала од повредите од самоубиствениот бомбашки напад, а не од куршуми. Според резултатите од истрагата, напаѓачот пукал кон Буто, но не ја погодил, а потоа активирал експлозив.