Турскиот парламент на првото изјаснување го одобри законот за укинување на забраната за носење исламски шамии во универзитетите. По седумчасовната расправа 397 пратеници гласаа „за“ а 113 бе „против“. Второто и последно „читање“ на законскиот проект ќе биде на 9 февруари. Ако минимум 330 пратеници го поддржат законот, тогаш тој ќе му биде поднесен на претседателот на државата на одобрување.