Лондон: Кондолиза Рајс побара зголемување на НАТО трупите во Авганистан

Американскиот државен секретар Кондолиза Рајс денеска во Лондон побара од сојузниците во НАТО да го зголемат бројот на нивните трупи во Авганистан во борбата против бунтовниците на југот на таа земја. Таа исто така побара брзо поставување на меѓународен пратеник за координирање на НАТО мисијата во Авганистан.