Брисел: ЕУ даде прелиминарно одобрение за испраќање мисија на Косово

Европската Унија даде прелиминарно одобрение за испраќање на сопствена мисија на Косово. Предвидено е испраќање на околу илјада и 800, главно полицајци и други административци, кои треба да ја заменат мисијата на Обединетите Нации и да ја олеснат транзицијата на Косово при стекнувањето независност од Србија. Датумот на почетокот и траењето на мисијата на Европската Унија на Косово не се утврдени. Русија не ја прифаќа ваквата одлука на Унијата, сметајки ја за нелегална. Српскиот премиер Воислав Коштуница побара да се одржи итна седница на парламентот во Белград, оценувајки дека Европската Унија го загрозува суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија.