Париз: Продолжува посетата на министерот Милошоски

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски ја продолжува посетата Франција. За денеска е предвидена средба со францускиот министер за надворешни работи Бернар Кушнер, а ќе се сретне и со Жан Давид Левит, советник на претседателот на Франција, Николас Саркози.