Скопје: Протести на Здружението на работници со над 25 години стаж и нерешен социјален статус

Здружението на работници со над 25 години работен стаж и нерешен социјален статус денеска на протести пред Собранието и пред Владата. Тие бараат средба со премиерот Никола Груевски на која би се разговарало за нивниот проблем, односно за решавање на статусот со донесување закон со кој би добивале месечен паричен надоместок преку Агенцијата за вработување до следно вработување.