Атина: Одлуката на САД за признавање на Македонија под уставно име погрешна, оценка на Бакојани

Одлуката на Вашингтон да ја признае Македонија под уставното име беше погрешна, изјавила грчката министерка за надворешни работи Дора Бакојани во интервју за весникот „Сандеј Катимерини“ пренесува МИА. Според Бакојани, ваквата одлука на Америка кај „некои кругови во Скопје оставила впечаток дека може да отстапат од разговорите во рамките на ОН за името на земјата“.