Н`џамена: Продолжуваат судирите меѓу бунтовниците и владините сили

Во Чад утринава продолжиле битките околу претседателската палата, во главниот град на оваа земја Н`џамена, јавуваат агенциите. Бунтовниците вчера влегоа во градот опколувајќи ја претседателската палата каде се наоѓа претседателот Идрис Деби. Франција која во Чад има околу 2 илјади војници и речиси ист број цивили започна со евакуацијата на своите државјани. И останатите амбасади во оваа африканска земја наредија евакуација на своите државјани.