Најроби: Опозициониот лидер Раила Одинга бара разместување на мировници

Лидерот на опозицијата во Кенија Раила Одинга ја повика Африканската Унија да испрати мировници во земјата, за запирање на насилства кои избија по претседателските избори. Политичките и етнички насилства во Кенија продолжуваат. Агенциите јавуваат дека во најновите судири на западот од Кенија биле убиени 13 лица.