Газа: Египет ќе ја затвори границата со Појасот Газа

Египет го информирал Хамас дека ќе ја затвори границата со Појасот Газа. Ова денеска го соопшти лидерот на Хамас Махмуд Захар по средбата со египетските претставници. Тој додаде дека неговото движење нема да се противи на овој чекор на египетските власти.