Кенија: Посета на генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун

Генералниот секретар на Обединетите Нации Бан Ки Мун пристигна во Кенија да посредува во спорот меѓу Претседателот Мваи Кибаки и опозицијата. Над 800 лица беа убиени по изборите на 27 декември кои според опозицијата и меѓународните посматрачи не беа фер и демократски. Советот за безбедност ги осуди насилствата во Кенија, кои според американскиот пратеник во Африка Џендаи Фрејзер добиле димензии на етничко чистење.