Њујорк: Руди Џулијани ја напушти трката за претседателска номинација

Поранешниот градоначалник на Њујорк Руди Џулиани ја напушти трката за републиканска номинација за кандидат за ноемвриските избори за претседател на Соединетите држави. Тој ова го стори откако на примарните избори во Флорида го освои третото место. На нив победи сенаторот од Аризона Џон Мекејн. Претходно трката за номинација кај демократите ја напушти поранешниот сенатор Џон Едвардс и во неа сега останаа Хилари Клинтон и Барак Обама.