Вашингтон: Еф Би Ај покрена истрага во 14 компании поврзани со финансиската криза

Еф Би Ај започнал истрага во 14 компании поврзани со кризата на американскиот пазар на хипотеки, која има ефекти и врз финансиските пазари во светот. Еф Би Ај соопшти дека истрагата веројатно ќе доведе до покренување обвиненија.