Вашингтон: Денеска ќе биде објавена студија за иднината на Авганистан

Студија за иднината на Авганистан, подготвена од американски воен и дипломатски тим, треба да биде објавена денеска. Како што јавуваат агенциите, во студијата се предупредува дека постои ризик Авганистан да биде пропадната држава и заборавена војна поради слабата меѓународна помош и растечките насилства. Затоа, се нагласува потребата од испраќање дополнителни трупи на НАТО во таа земја.