Вашингтон: Денеска средба на албанскиот шеф на дипломатијата Баша со Кондолиза Рајс

Албанскиот министер за надворешни работи Луљзим Баша, кој денеска ке се состане со државниот секретар Кондолиза Рајс во Вашингтон, изјави дека до самитот на НАТО во Букурешт во Април, Албанија ќе ги исполни критериумите за приклучување во Алијансата.
Баша, како што пренесува МИА, предупреди дека одлагањето на приемот може да им попречи на напорите на умерените политички сили во балканските земји да ги извршат реформите и потесно да соработуваат со европските земји и Соединетите Држави.