Анкара: Министерот за одбрана Еленовски од денеска во посета на Турција

Министерот за одбрана Лазар Еленовски од денеска е во посета Република Турција. Тој утре ке има средби со турскиот министер за одбрана Веџди Ѓонул и началникот на Генералштабот Јашар Бујуканит. Министерот Еленовски ќе ја посети Командата на Партнерство за мир и Корпорацијата за машинско-хемиска индустрија МКЕК, која произведува воена и цивилна опрема и продава оружје во 38 земји во светот.