Брисел: Јеремиќ изрази надеж дека Србија на 3 февруари ќе го избере европскиот пат

Српскиот министер за надворешни работи Вук Јеремиќ во Брисел изјави дека „се надева дека граѓаните на Србија на 3 февруари ќе го изберат европскиот пат, со што ќе се овозможи на 7 февруари да биде потпишан привремениот политички договор, кој Унијата и го понуди на Србија. Политичкиот договор“ за соработка меѓу ЕУ и Србија, вклучува рамка за напредок во политичкиот дијалог, слободната трговија, визна либерализација и соработка во образованието.